
Дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи и Алекс Телјес ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето. Двајцата не се појавија на првиот тренинг вчера, кога сите репрезентативци во тимот на „црвените ѓаволи“ кои добија подолг одмор, требаше да го започнат подготвителниот процес.
И двајцата не се дел од плановите на менаџерот Ерик тен Хаг и треба да бараат нова средина.
Баи минатата сезона ја помина на позајмица во Олимпик Марсеј, но не успеа да ја активира откупната клаузула од 6 милиони евра поради недоволните настапи за францускиот тим. Тој одигра само 23 натпревари во Лига 1.
Алекс Телјес исто така беше испратен на позајмица, но во Шпанија. Таму играше за тимот на Севилја.
Според медиумите во Англија, двајцата нема да бидат вклучени во составот на Манчестер Јунајтед за турнејата низ САД, која започнува во среда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal