Интер го освои Купот на Италија откако во финалето на „Олимпико“ во Рим го совлада Јувентус со 4-2, по продолженија. „Нероаѕурите“ добија два пенали во клучните моменти, првиот што изнуди Лаутаро Мартинез можеби и малку спорен, а Чалханоглу го реализира и го одведе мечот во продолженија.
Николо Барела во седмата минута со одличен погодок донесе водство за Интер, но Јувентус направи пресврт на почетокот на вториот дел. Алекс Сандро израмни, а две минути подоцна погоди и Душан Влаховиќ.
Во 80.минута Хакан Чалханоглу израмни од пенал, а во 98.минута беше досуден уште еден, кој го реализираше Иван Перишиќ. Хрватот во 102.минута постигна и убав погодок од игра, за конечни 4-2 и за пехар во Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













