Connect with us

Два гола за Агим Ибраими, еден гол и победа за Ѓурѓевиќ

Влазнија и Динамо Тирана одиграа меч со многу голови (6-3) во првенството на Албанија, а во главна улога беа македонските интернационалци. Агим Ибраими беше стрелец на два гола за гостите од Тирана. Тој погоди во петтата минута, а потоа и во 67.минута од пенал.

Фахрудин Ѓурѓевиќ исто така беше стрелец на овој меч за тимот на Влазнија. Тој ја затресе мрежата на Динамо Тирана во 34.минута, а неговиот тим на крајот славеше триумф.

Во редовите на Динамо Тирана настапија и Горан Силјановски и Александар Исаевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови