
Струга Трим Лум се искачи на лидерската позиција на табелата откако го доби дуелот против Воска спорт со 1-0 во одложениот натпревар од 15. коло во Првата фудбалска лига.
И покрај контроверзите околу голот кој го реши натпреварот и триумфот на актуелниот шампион, тренерот на стружани, Шпетим Дуро изјави дека неговиот тим ја заслужил победата.
„Победа која дојде на самиот крај, но многу заслужена, по сѐ што се случуваше на теренот. Доминиравме во текот на целиот натпревар, но не бевме добри во завршницата. Голманот на гостите беше одличен, а еднаш ја погодивме и стативата. Би рекол дека сосема заслужено успеавме да дојдеме до бодовите“, изјави Шпетим Дуро.
Струга ТЛ дојде до победата со гол од пенал постигнат во 99.минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
