
Струга Трим Лум стигна до прва, историска победа во Европа совладувајќи го црногорскиот шампион Будуќност со 1-0, во првиот меч од второто коло во Конференциската лига.
Тренерот Шпетим Дуро е задоволен од триумфот и потенцира дека победата можеше да биде и поубедлива.
„Секоја победа во европските натпреварувања е многу важна, а за Струга ТЛ оваа е историска, прва во европските натпреварувања. Мислам дека одигравме квалитетно, можевме да бидеме и поубедливи. Имавме навистина уште неколку одлични шанси, посебно во првото полувреме. За Струга Трим Лум ова беше само петти меѓународен натпревар, а пред мечот бевме претставени како фаворити“, изјави Шпетим Дуро.
Реваншот меѓу Будуќност и Струга ТЛ ќе се одигра на 1. август во Подгорица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
