
Струга Трим Лум беше на прагот на историски пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ, имаше водство од 1-0 со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 76.минута, но потоа се случи несфатлив пад на концентрацијата што на крајот резултираше со пораз (1-2)и елиминација.
Тренерот Шпетим Дуро не можеше да се помири по завршетокот на мечот, тврди дека неговиот тим заслужил да се пласира во следното коло.
„Останува да жалиме за шансата. Одигравме квалитетно во текот на целиот меч, на целиот двомеч, но ете неколку кобни минути нѐ спречија да се пласираме во следната рунда. Постигнавме гол кога беше потребно, но потоа направивме грешки и противникот тоа знаеше да го казни“, изјави Шпетим Дуро.
Тренерот на Жалгирис, Владимир Чебурин, смета дека неговиот тим заслужено оди понатаму.
„Искуството беше на наша страна и можеби на крајот се покажа пресудно. Струга е добар тим, беа навистина тежок противник, но мислам дека ние заслужено одиме понатаму“, изјави стратегот на Жалгирис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
