Connect with us

Дуелот Пелистер-Вардар одложен, во Битола нема услови за фудбал

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар во Купот доби второ одложување, овојпат поради немање услови за игра на теренот во Битола.

– Предвидениот натпревар од 1/4 на купот на Македонија против Пелистер во Битола поради лошиот терен и немањето услови за игра, нема да се одигра денес. Новиот термин ќе биде дополнително објавен – објавија од Вардар.

Како и сите останатите четвртфиналните натпревари, оној меѓу Пелистер и Вардар првично беше одложен поради големата автобуска трагедија во Бугарија.

Денеска се играат средбите меѓу Македонија-Шкупи, Шкендија-Струга и Силекс-Брегалница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови