
Дуделанж е тимот што ќе биде противник на Шкендија во следното квалификациско коло за Лигата на Европа, откако македонскиот првак денеска беше шокиран среде Скопје од Номе Калју, што значеше и елиминација од квалификациите за Лигата на шампионите. Така, наместо за седум дена тетовци да се сретнат со шкотскиот гигант Селтик, тие за ривал ќе го имаат првакот на Луксембург, во квалификациите за второто по ранг европско натпреварување.
Од претходно се знаеше дека во случај на неуспех Шкендија ќе се сретне со поразениот од двомечот Ла Валета – Дуделанж, во кој како победник излезе првакот на Малта/ Оваа пресметка исто така беше решена со повеќе постигнати голови во гости, првиот меч во Луксембург заврши 2-2, па Ла Валета со денешното реми (1-1) на Малта се пласираше во следната квалификациска рунда од Лигата на Европа. Фонтанела ја доведе Ла Валета во водство на денешниот реванш, Дуделанж во второто полувреме успеа да израмни преку Покар во 59. минута, што сепак беше недоволно за целосен пресврт.
Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар, на 25 јули во Скопје, а реваншот од овој квалификациски двомеч ќе се игра во Луксембург на 1 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
