Косовскиот тим Дрита игра одлично во Конференциската лига на УЕФА, а тимот што го предводи поранешниот тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу, направи уште една сензација. Аутсајдерот успеа на домашен терен да не загуби од холандскиот гигант Феенорд, играјќи 0-0.
Ова предизвика вистинска фудбалска еуфорија на Косово, а фановите на Дрита се надеваат дека може да се случи уште едно чудо и на реваншот во Ротердам.

„Ардијан Нухиу тактички мудро го водеше мечот, Дрита ги затвори сите приоди кон сопствениот гол и не им дозволи на ѕвездите на Феенорд да се размавнат“, анализираат косовските медиуми.
Реваншот се игра следниот четврток во Ротердам, а во тимот на Дрита настапуваат уште двајца македонски фудбалери, Марко Симоновски и Ардијан Цуцули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













