Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски треба да биде дел од стручниот штаб на Драган Стојковиќ Пикси, кој во наредните денови се очекува да биде именуван за нов предводник на фудбалската репрезентација на Србија. Тој е пред промоција на селекторската позиција и ќе ја предводи Србија во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Пикси Стојковиќ и Бошко Ѓуровски се долгогодишни пријатели и соработници, беа заедно во тандем и во јапонскиот клуб Нагоја. Во периодот додека Драган Стојковиќ беше претседател на Црвена Звезда, на клупата на „црвено-белите“ седеше Бошко Ѓуровски. Сега се очекува соработката да продолжи во стручниот штаб на српската фудбалска репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













