Селекторот Драган Стојковиќ Пикси и репрезентативецот и член на Ајакс, Душан Тадиќ се фудбалските лауреати во Србија за 2021 година. На церемонијата на Фудбалскиот сојуз на Србија во хотелот „Хајат“, Драган Стојковиќ Пикси официјално беше прогласен за тренер на годината, додека признанието за најдобар играч му припадна на Душан Тадиќ. За најдобра фудбалерка е прогласена Јелена Цанковиќ.
Се очекуваше селекторот и капитенот на „орлите“ да ги добијат „Златните топки“, бидејќи имаат големи заслуги за пласман на Светското првенство во Катар.
„Навистина е голема привилегија да се застане на ова место, тоа можам искрено да го кажам. Гледам дека изјавата на целата нација е дека оваа година беше успешна за фудбалот, и репрезентативен и клупски. Тоа е она што ја враќа вербата во фудбалот и во што треба да веруваме, да продолжиме така. Се надевам дека ќе продолжиме да ја радуваме нацијата. Отсекогаш сум им велел на играчите да играат за луѓето и за нивните семејства, за оние луѓе кои треперат покрај ТВ“, истакна Драган Стојковиќ, кој по вторпат во кариерата ја освои наградата за тренер на годината.
Душан Тадиќ рече дека пласманот на СП го смета за најголемото достигнување во минатата година.
„Ова е навистина убава година за мене на тимски план и на индивидуално ниво. Титулите, Лигата на шампионите и она што ми е најважно е пласманот на Светското првенство. Ви должам најголема благодарност, господине Стојковиќ. Најдобар пример за тоа што се случува кога креативните и интелигентни луѓе ќе ги преземат работите во свои раце“, изјави фудбалерот на Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













