Легендата на македонскиот фудбал и спорт воопшто, Драган Мутибариќ, ќе добие спортска пензија од државата Македонија, а исто така и еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт. Мутибариќ се наоѓа во лоша здравствена состојба откако имаше мозочен удар и потребна му е помош.
„Спортскиот великан, Драган Мутибариќ заслужил и ќе ја добие поддршката којашто му следува!
Денеска остварив средба Мутибариќ на којашто го информирав дека ќе му биде исплатена еднократната помош преку АМС, но и дека Мутибариќ ќе влезе во системот со цел да се обезбеди трајнo решение за континуирана финансиска поддршка.
Не е пријатно, но пред се не е фер, не е хумано да слушне една ваква вест за наша спортска легенда.
Токму затоа се заложив за стекнување спортска пензија!
Укажав на важноста од една ваква пензија, го свртев вниманието кон спортистите и успеавме!
Денес конечно тоа горливо прашање е решено и наскоро ќе следува пензија за спортистите!
Ова се луѓето кои својот живот буквално го посветиле на спортот! Тоа се нашите најголеми и најдобри амбасадори и никако не смеат да бидат заборавени!“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Фудбалската федерација на Македонија исто така финансиски ќе го помогне Драган Мутибариќ, а на иницијативата за помош се приклучиле и Трифун Костовски и Тито Петковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













