Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во пресрет на натпреварите со Грузија и со Бугарија во Лигата на нации. Напаѓачот на Дебрецен, Дориан Бабунски, вели дека има неколку важни изостаноци во националниот тим, но сите останати ќе се потрудат да го дадат максимумот. Клучно е да се задржи ритамот во сите 90 минути.
„Ни недостигаат важни играчи, но сите што се тука верувам дека ќе покажат зошто се избрани. Има фудбалери кои играат во добар ритам и верувам дека можеме да оствариме добри резултати на претстојните два натпревари. Клучно ќе биде да го задржиме ритамот во текот на сите 90 минути. Игравме добро против Грузија и во одреден дел од мечот во Скопје, но потоа имавме пад во играта што противникот го искористи. Сега мораме да држиме исто ниво во текот на целиот меч“, изјави помладиот од браќата Бабунски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













