
Астон Вила и Борусија Дортмунд постигнаа договор за трансферот на Дониел Мален на „Вила Парк“. Според „Скај Спортс Германија“, англискиот клуб ќе плати 25 милиони евра за крилниот напаѓач, плус уште пет милиони во форма на бонуси, од кои три се гарантирани.
Астон Вила се договори со холандскиот репрезентативец за неговите лични услови пред една недела.
Мален наскоро ќе помине медицински прегледи, поради што нема да патува со Борусија за утрешниот натпревар против Холштајн Кил во Бундес-лигата.
Дониел Мален постигна 30 голови и забележа 16 асистенции на 93 натпревари за Борусија Дортмунд во Бундес-лигата. Со овој трансфер, „жолто-црните“ ќе ја повратат речиси целата сума од 30 милиони евра што ја платија на ПСВ Ајндховен за него во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
