
Голманот на италијанскиот национален тим, Џанлуиџи Донарума, зборуваше за тоа што очекува од осминафиналниот натпревар на ЕВРО 2024 против тимот на Швајцарија.
„Швајцарија е физички силен тим, тоа се чувствува на теренот. Треба да бидете подготвени да се прилагодите како што напредува играта. Преоѓањето во напад со додавање или долга топка напред може да биде различно. Тие делуваат агресивно и треба да правиме што е можно помалку грешки,“ изјави Донарума.
Еврооскиот првак Италија и Швајцарија од 18 часот ја отвораат осминафиналната програма на Европското првенство. На последните пет натпревари меѓу овие две селекции имало дури четири нерешени резултати, а еден триумф има Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
