Connect with us

Донарума: Среќен сум за титулата на Милан, но не жалам што си заминав

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума изјави дека е среќен поради триумфот на Милан во Серија А. Донарума е тинејџер од Милано, но пред една година го напушти клубот како слободен играч за да потпише со ПСЖ.


„Среќен сум поради тоа што го направи Милан и им пишав честитки на сите мои соиграчи. Среќен сум за нив, но не ми е жал“, изјави 23-годишниот голман.

Донарума се наврати и на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, во кој францускиот тим ги притисна „кралевите“, но грешката на голманот им овозможи на Карим Бензема и друштвото да се вратат во мечот и да го свртат конечниот резултат во своја полза.

„Над мене имаше фаул. Тогаш можевме подобро. Штета, бидејќи фудбалот го одредуваат некои моменти, а ние доминиравме претходно во текот на мечот. Имаме одличен тим и веривам дека ПСЖ ќе биде многу силен следната сезона“, прокоментира Донарума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови