Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, доби забрана за настап на следните два првенствени натпревари на неговиот тим, соопшти Дисциплинската комисија нa Лига 1.
Италијанскиот интернационалец ќе го пропушти дуелот на парижаните на домашен терен против Нант в сабота, како и гостувањето кај Лил на 17 декември.
Причина за оваа санкција е црвениот картон што Донарума го доби во десеттата минута од победата од 0-2 над Ле Авр во 14. коло од Лига 1, кога направи крајно флагрантен прекршок над Жозуе Казимир надвор од шеснаесетникот.
Сепак, суспензијата нема да го спречи голманот да учествува на гостувањето на ПСЖ против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите следната среда, а во натпреварот од француското првенство би можел да се врати на терените на 20 декември, на домашен терен против Мец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













