
Германскиот бундеслигаш Лајпциг го отпушти тренерот Џеси Марш поради слабите резултати, а замената е веќе пронајдена. Тоа ќе биде Доменико Тедеско, до неодамна тренер на Спартак Москва, кога го сметаат за еден од најперспективните во Европа. Тедеско ја напушти Москва поради семејни причини, не доби отказ, па е слободен на пазарот.
Тој е роден во Италија, но израснал во Германија, каде морал предвреме да ја заврши кариерата и да се посвети на тренерската работа. Тој како тренер почна на 23 години во јуниорските категории на Штутгарт.
Подоцна работеше во Хофенхајм, а прва работа во сениорскиот фудбал му беше Шалке со кој направи чудо. Во првата сезона беше вицешампион, веднаш зад Баерн Минхен, а го напушти клубот во 2019 година кога замина во Спартак Москва. После него, Шалке падна на многу ниски гранки и се наоѓа во второлигашка конкуренција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
