Connect with us

Докторот признал дека Дешамп не го сакал Бензема во репрезентацијата на Франција?

Карим Бензема ја освои престижната „Златна топка“ во октомври. Французинот имаше одлична сезона и нема дилеми дека најдобриот играч во Европа би бил од голема помош за репрезентацијата на „триколорите“ за време на првенството во Катар.

Карим дојде повреден на репрезентативниот собир, беше јасно дека тешко ќе ги одигра натпреварите во групата, но се веруваше дека ќе биде подготвен за нокаут фазата.

Сепак, Бензема ја напушти селекцијата, имаше информации дека Дешамп ќе го повика за финалето, но тоа не се случи.


Се споменуваа и кланови во репрезентацијата. Мбапе, Лорис и Гризман наводно не го сакале Карим во својот тим.

Шпанските и француските медиуми предмалку објавија нова ексклузива, наводно лекарот на француската репрезентација признал дека направил сѐ на убедување на Дешамп.

Докторот ја опиша неговата и средбата на Дешамп со Карим, кога му кажал дека нема да може да игра за тимот поради повреда. Докторот подоцна призна дека ја пренел својата порака поради влијанието на селекторот Дешамп кој не го сакал Бензема во својот тим.

Сепак, засега нема изјави од Дешамп и од Бензема на оваа тема.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови