
По триумфот над Тиквеш од 2-0 во претходното коло, фудбалерите на Брегалница со дополнителен мотив сега го очекуваат гостувањето против Ренова во Тетово во рамките на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Еден од најзаслужните за победата над Тиквеш, крилниот офанзивец Дарко Додев вели дека секој во тимот е подготвен за максимално издание и против Ренова како би се дошло до нов позитивен резултат.
„Не чека навистина тежок натпревар затоа што Ренова оваа сезона отворено покажува дека се работи зa квалитетен тим со одлични резултати. Сигурно домаќините силно ќе атакуваат на победата, но ние носиме и наш мотив за продолжување на позитивните резултати. Одигравме квалитетен натпревар против Тиквеш и треба да продолжиме во тој стил“, вели Додев.
Натпреварот меѓу Ренова и Брегалница на Градскиот стадион во Тетово се игра утре со почеток од 15 часот. Главен судија на натпреварот ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
