Connect with us

Додев донесе триумф за Брегалница против Академија Пандев (ВИДЕО)

Брегалница успеа да го победи тимот на Академија Пандев со 1-0 во воведниот натпревар од 12.коло во Првата фудбалска лига. Со тоа штипскиот состав по подолг период го почувствува вкусот на триумфот, а го донесе Дарко Додев со одличен удар откосо од десната страна во 62.минута од дуелот. Одлична асистенција забележа Ѓорѓиев.

Поразот ја турка Академија Пандев во уште поголема криза, со оглед дека шест меча не знаат што е победа во Првата лига, а притоа забележаа пет порази.

Двата тима не понудија многу на фудбалски план, можеби и затоа што бодовите им беа потребни на двете екипи.

Останатите натпревари од 12.коло се играат утре.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови