Раководството на Шкупи повлече одличен потег, одлучувајќи билетите за реваншот од квалификациите за Лигата на Европа против Пјуник да бидат бесплатни за сите фудбалски фанови.
„Сакаме да информиравме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во втората квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против Ерменците“ – објавија од таборот на Шкупи.
Реваншот меѓу Шкупи и Пјуник ќе се игра в четврток со почеток во 20.30 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. Првиот меч во Ерменија меѓу овие две екипи заврши без победник, 3-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













