Отпочнати се активностите на Националната арена „Тодор Проески’’ во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи. АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревнатиот терен кое последен пат е изведено во 2012 година.

Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова, најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции.
Дополнително, пред поставување на тревната површина нашето Друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште.

Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













