Извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, категорично ги отфрли шпекулациите за трансфер на Рафаел Леао. Последниве денови се појавија гласини дека напаѓачот на „росонерите“ е предмет на интерес од Барселона.
Од Милан првично изјавија дека каталонците треба да ја платат откупната клаузула запишана во договорот на фудбалерот, која изнесува неверојатни 175 милиони евра. Сепак, од клубот беа категорични дека напаѓачот останува во Милан и можноста тој да замине е еднаква на нула.
На прашањето дали постои можност Леао да игра за Барселона оваа сезона, Фурлани беше категоричен: „Не, можноста е нула.“
„Со сигурност Леао останува во Милан, 100%“, додаде директорот на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













