Connect with us

Диого Жота го израдува Јирген Клоп

По серијата разочарувачки резултати, Јирген Клоп чекаше добри вести. Диого Жота го израдува откако се врати на тренинзите со тимот, а германскиот стратег се надева дека неговото враќање ќе му помогне на тимот да излезе од кризата и ќе почне да победува.


Португалскиот репрезентативец нема играно од октомври кога заработи повреда против Манчестер Сити. Повредата го спречи да учествува на Светското првенство во Катар. Сепак, Жота сега е подготвен и најверојатно ќе му биде на располагање на Клоп за дербито со Евертон во понеделник.


На тренингот се појавија и Вирџил ван Дајк и Роберто Фирмино, кои пред неколку дена продолжија со тренинзите, но се уште се подготвуваат на индивидуална основа. Артур Мело за првпат по долго време учествуваше во целата активност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови