Диого Коста, херојот за Португалија во драматичната победа над Словенија, ги коментира важните моменти од натпреварот кој ќе остане во историјата на европските првенства.
Голманот одбрани три пенали, вклучувајќи ја и фантастичната шанса на Бењамин Шешко во 115.минута од продолженијата, што ја донесе победата на „морепловците“ и го направи играч на натпреварот.
„Кога ја одбранив шансата на Шешко во продолженијата, си помислив дека морам да го направам тоа. Го дешифрирав говорот на телото на противниците и успеав да му помогнам на тимот“, изјави Диого Коста.
Тој сподели дека веројатно е тоа најдобриот натпревар во неговиот живот и дека бранел на интуиција, иако ги анализирал изведувачите на пеналите однапред.
Диого Коста истакна дека и покрај пропустите на Кристијано Роналдо, тимот продолжил да верува до самиот крај, што било клучно за нивниот успех.
„Многу сум среќен и возбуден што му помогнав на тимот. Сите сме многу среќни“, заврши голманот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













