Connect with us

Диого Коста е натчовек, ги одбрани СИТЕ ПЕНАЛИ на Словенците (ВИДЕО)

Португалија е во четвртфиналето, откако по изведување пенали ја совлада Словенија со 3-0. Херојот е голманот Диoго Коста, кој ги одбрани сите три пенали на Словенците упатени кон неговиот гол.

Иличиќ беше првиот изведувач на најстрога казна за Словенија, а Диoго Коста го скроти неговиот шут. Кристијано Роналдо дојде на поправен откако не реализира во текот на играта и успеа да погоди.

Потоа Диoго Коста го одбрани вториот пенал на Балковец, а Бруно Фернандеш зголеми на 2-0.

Диoго Коста беше неверојатен, го одбрани и третиот пенал на Словенците што го изведе Вербич, а Бернардо Силва стави крај на пенал-серијата со погодок, за конечни 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови