
Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе добијат нов тренер во Динамо Загреб. По поразот во синоќешното дерби од Хајдулк Сплит (1-0) на „Пољуд“, раководството на „модрите“ се раздели со тренерот Жељко Копиќ.
Тој ја презеде клупата на првиот тим во декември 2021 година и го предводеше Динамо Загреб на вкупно 19 официјални натпревари, на 5 одиграни пријателски натпревари.
На официјалните натпревари во хрватското првенство и во Лигата Европа забележа 13 победи, 2 нерешени средби и 4 порази со гол разлика 27:10.
„Сакам да им се заблагодарам на раководството на клубот, играчите, стручниот штаб, тренерите и сите вработени во клубот за успешната и квалитетна соработка што ја имавме изминативе две години. Од првиот ден кога станав директор на Фудбалската школа, а подоцна и спортски директор и тренер на првиот тим, сакав клубот да напредува и се надевам дека во еден дел го постигнав тоа. На клубот му посакувам успешен крај на сезоната и најважно да ја освои титулата“, изјави Жељко Копиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак
