Хрватскиот првак Динамо Загреб има предност од 2-0 по првиот меч против Омонија, но вечерва на Кипар ќе биде без капитенот Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец заработи повреда на дуелот на „Максимир“ и не е подготвен за настап на денешниот реванш натпревар.
Тренерот Дамир Крзнар откри дека Адеми не е достапен за тимот, но верува дека брзо ќе се опорави, а соиграчите ќе успеат да го елиминират кипарскиот претставник.
„Адеми не е во комбинација за настап. Имаме убава предност, но не очекува уште еден тежок дуел. Омонија и во Загреб докажа дека е квалитетен тим и мора да бидеме максимално фокусирани. Верувам во тимот и се надевам дека ќе успееме да се пласираме во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите“, изјави тренерот на Динамо Загреб.
Стефан Ристовски е најавен како стартер за „модрите“ и на реваншот против Омонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













