Connect with us

Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Левиот бек на Работнички, Дин Аломеровиќ, го продолжува својот фудбалски пат во Романија, потпишувајќи за УТА Арад. По четири успешни сезони како клучен играч на тимот од Дебар Маало, каде што значително придонесе Работнички да се пласира на третото место и да игра во европските натпревари, Аломеровиќ реши како слободен агент да ја продолжи кариерата во романскиот клуб.

УТА Арад е еден од водечките клубови во Романија, а на голот го има нашиот репрезентативец Дени Илиев, што дополнително ја зголемува атрактивноста на трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови