Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам беше официјално одликуван со витешка титула од страна на кралот Чарлс III за неговите заслуги во спортот и хуманитарната работа.
Бекам, кој во текот на својата кариера настапи 115 пати за англиската репрезентација и освои шампионски титули во четири различни држави, доби едно од најпрестижните признанија во Обединетото Кралство.
Како дел од Манчестер Јунајтед, Бекам ја освои Лигата на шампионите и беше дел од славната генерација што ја освои трпјната круна во 1999 година. По завршувањето на кариерата, стана коосновач и сопственик на американскиот клуб Интер Мајами.
Од 2005 година, Бекам е амбасадор на УНИЦЕФ, а од минатата година ја извршува и функцијата амбасадор на фондацијата „Кралот“.
„Растев во источен Лондон со родители и баби и дедовци кои беа исклучително патриотски настроени и горди што се Британци. Никогаш не би можел да замислам дека ќе бидам удостоен со ваква навистина почесна титула.
Да го носам дресот на Англија, а уште повеќе да бидам капитен на мојата земја, беше најголемата чест и исполнување на сонот од детството.
Надвор од терените, имав среќа да ја претставувам Велика Британија низ светот и да работам со неверојатни организации што им помагаат на заедниците во потреба и го инспирираат идното поколение.
Благодарен сум што сум препознаен за работа што ми носи големо задоволство. Ова е емоционален момент што го споделувам со моето семејство и ќе ми треба малку време да ја сфатам големината на ова признание“, изјави Бекам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами













