Connect with us

Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Арсенал го обновува интересот за напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс. Лондонскиот клуб се обиде да го доведе 29-годишниот голгетер на самиот крај од зимскиот преоден рок, кога испрати понуда вредна околу 60 милиони фунти. Понудата веднаш беше одбиена, а од „Емирати“ не направија нов обид.

Според последните информации од Португалија, Арсенал ги замрзнал преговорите за напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, бидејќи лондончани не се подготвени да ја платат минималната сума од 80 милиони евра која ја бара португалскиот клуб.


Другата опција е Бењамин Шешко, но за него има интерес и од други клубови, поради што неговата цена може дополнително да се зголеми – дури и над сумата за Ѓокереш. Според медиумите на Островот, резервна опција за Арсенал повторно е Воткинс.

Во минатата сезона, англискиот репрезентативец одигра вкупно 38 натпревари во сите натпреварувања за Астон Вила, постигнувајќи 16 голови и осум асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови