Connect with us

Наполи ќе го засили нападот со двајца играчи на Ливерпул?

Наполи има амбициозен план за засилување на нападот и, според италијанскиот весник „Ла Република“, клубот сериозно размислува за ангажман на двајца фудбалери од Ливерпул, Дарвин Нуњез и Федерико Киеза.

Според истиот извор, англискиот тим би прифатил понуда во висина од околу 105 милиони евра за двојниот трансфер. Очекувањата се Наполи да испрати официјална понуда веќе следната седмица.

Tренерот Антонио Конте, силно го поддржува овој потег и сака двајцата напаѓачи да бидат дел од неговата визија за реновирана и конкурентна екипа.

Дарвин Нуњез, 25-годишниот уругвајски репрезентативец, минатата сезона одигра 47 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи седум голови и седум асистенции. Киеза, кој има 27 години, забележа два гола и две асистенции, но во само 14 настапи – што се должи на ограничената минутажа и повредите што го следеа во текот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови