
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за вториот пријателски натпревар во овој јунски мини циклус. По поразот од Хрватска (3-0), нашите најдобри фудбалери во понеделник ќе играат против Чешка во Храдец Кралове.
Бојан Димоски вели дека Македонија мора сериозно да го подигне нивото ако сака да забележи позитивен резултат.
„Против Чешка мора да бидеме на многу повисоко ниво и на тактички и на физички план доколку сакаме да оствариме позитивен резултат. Мотивација не недостасува, напротив. Секој од нас треба да го даде максимумот и да го почитуваме тоа што како анализа и тактика ни е посочено. Знаеме дека Чешка е квалитетна селекција, но ние покажавме дека можеме да играме со најдобрите во Европа, а тука мислам на Англија и Италија. Се надевам дека ќе успееме да се претставиме во добро светло и потоа ќе ги насочиме мислите на септемвриските предизвици“, изјави Бојан Димоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
