
Рајо Валјекано оствари неочекуван триумф од 1-0 над Барселона во 11-то коло од шпанската Ла Лига, а најголем “виновник” за големиот успех на составот кој доаѓа од Мадрид беше токму македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.
Домашниот тим дојде до водството по само пола час игра, по грешката на Серхио Бускетс на средината на теренот. Оскар Трехо успеа да му ја украде топката на искусниот ветеран на каталонците, а потоа му асистираше на неуморниот Фалкао, кој го постигна својот четврти погодок на шестиот натпревар за Рајо во Ла Лига сезонава.
Барса, во два наврати, дојде на чекор од изедначување на резултатот. Во првиот, Сержињо Дест повторно се посрамоти со неверојатно лош лут одблиску на само неколку минути по погодокот на Фалкао. Единствената цел на составот на Андони Ираола беше да го задржи минималното водство, а за ова најмногу се погрижи Столе Димитриевски, кој го одлично го прочита ударот на Мемфис Депај од пенал во 72. минута од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
