Македонскиот прволигаш Работнички ја продолжи соработката со двајцата одлични млади фудбалери, младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски и напаѓачот Бујар Хајдари.
Фудбалерот за врска Димитар Тодоровски го продолжи договорот за една дополнителна година. Тој е дете на клубот и останува „романтичар“ до јуни 2023 година.
Напаѓачот Бујар Хајдари потпиша двегодишен договор со Работнички.

„По заокружувањето на летниот преоден рок, клубот се фокусира на продолжување на договорите на сопствениот кадар. Продолжувањето на соработката со младите и талентирани фудбалери отсекогаш било цел на Работнички. Димитар Тодоровски е веќе докажан првотимец, дете на клубот и младински репрезентативец и ни претставува особено задоволство што ќе остане во клубот и во наредниот период. Бујар Хајдари исто така потекнува од нашата младинска академија и веруваме дека ќе се наметне со целиот потенцијал во претстојната сезона“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.
Работнички в недела, во продолжението на првенствената сезона на арената „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













