
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е нов член на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана. По одличната сезона во дресот на Вараждин, каде се истакна како еден од највпечатливите играчи во ХНЛ, 26-годишниот офанзивец направи голем чекор во кариерата.
Митровски утрово официјално го стави својот потпис на договорот со Олимпија, клуб кој ова лето ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампионите. Договорот е со важност до 2028 година, а како што претходно беше најавено, ова е рекорден трансфер во словенечкиот прволигашки фудбал, вреден еден милион евра.
Во сезоната 2024/25, Митровски одигра 28 натпревари во хрватското првенство и постигна 8 погодоци, имајќи клучна улога во европската кампања на Вараждин, кој успеа да се избори за настап во квалификациите за Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal