
Поранешниот младински репрезентативец Димитар Митровски ќе се обиде да ја реактивира својата кариера во Академија Пандев. Некогашниот голем талент кој настапуваше за Б-тимот на Спортинг Лисабон, остана без ангажман и се онбиде на неколку проби, во Партизан и во Варта Познањ, тренираше и со Работнички, а на крајот заврши во Академија Пандев.
Митровски има стаж во сите младински репрезентации на Македонија, а освен во Спортинг Лисабон, претходно беше дел и од Ханза Рошток, Магдебург и Работнички. Крилниот напаѓач допрва треба да се докаже во сениорскиот фудбал на македонска сцена.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
