Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, го комплетираше делот од трансферниот пазар што се однесува на странски фудбалери, но не застанува со засилувањата – клубот продолжува да инвестира и во млади домашни таленти. Најново име во црвено-црниот табор е младинскиот репрезентативец Димитар Данев, кој доаѓа од редовите на Работнички.

Данев, кој се истакна со одлични настапи во минатата сезона, потпиша четиригодишен договор со Вардар. Работнички, пак, ќе инкасира солидна отштета за еден од најперспективните македонски фудбалери.
Иако има само 19 години, Данев веќе е стандардно име во младата репрезентација на Македонија до 21 година, а со новиот чекор во кариерата се очекува да добие уште поголем простор за развој и афирмација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













