Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед славеше на „Олд Трафорд“ со 4-1 против Њукасл изминатиот викенд, а португаскиот ас Кристијано Роналдо блескаше со два гола. Се чини дека тој ќе биде голем поттик за тимот на „црвените ѓаволи“, без оглед што некои мислат дека тој со 36 години не е ни сенка на играчот од пред неколку години.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер размислува дали Роналдо треба да игра и на денешниот прв натпревар од Лигата на шампионите против Јанг Бојс.
„Не е невозможно Роналдо да остане надвор од тимот за денешното гостување кај Јанг Бојс. Има 36 години и морам да најдам баланс за секој играч. Мислам дека доаѓањето на Варан и на Роналдо ни донесе дополнителен квалитет, но и ги натера другите да го подигнат нивото на играта“, изјави Солскјер.
Но, тој ќе ги нема на располагање и Единсон Кавани и Маркус Рашфорд, па доколку Роналдо остане на клупата тогаш многу веројатно Антони Марсијал ќе добие шанса од почетокот на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













