
Диего Симеоне е најплатениот тренер во Ла Лига, објави францускиот весник „Л’Екип“. Месечната бруто-плата на стратегот на Атлетико Мадрид изнесува 2,17 милиони евра и практично заработува повеќе од Карло Анчелоти и Ханси Флик заедно.
Карло Анчелоти од Реал Мадрид има месечна бруто-плата од 910.000 евра, а Ханси Флик од Барселона е со 830.000 евра.
Во Атлетико Мадрид нема ниту еден фудбалер кој заработува повеќе од тренерот Диего Симеоне. Најдобро платен играч во клубот е голманот Јан Облак, кој месечно инкасира 1,57 милиони евра.
Во целата Ла Лига, лидер по месечна плата меѓу фудбалерите е ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, со 2,67 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
