Connect with us

Диего Коста во Вулверхемптон до крајот на сезоната

Англискиот прениерлигаш Вулверхемптон денеска го официјализира трансферот на Диего Коста. Шпанскиот напаѓач дојде како слободен играч, а потпиша договор до крајот на сезоната.

Раководството на клубот се одлучи на ваков потег по повредата на новото засилување Саша Калајџиќ кој ќе отсуствува неколку месеци.

Диего Коста по пет години се врати во Премиер – лигата, откако во периодот од 2014 до 2017 година настапуваше за Челси и во тој период одигра 89 натпревари, постигна 52 гола и забележа 18 асистенции.

Диего Коста играше за Брага и за Валјадолид, но се прослави дури кога го облече дресот на Атлетико Мадрид во 2012 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови