Искусниот шпански напаѓач Диего Коста треба да биде третото засилување на Салернитана откако ја прифати поканата на спортскиот директор Валтер Сабатини да му помогне на овој тим во борбата за опстанок во Серија А.
Диего Коста е без клуб од 16 јануари, кога го напушти бразилскиот Атлетико Минеиро по 19 натпревари на кои постигна пет гола и забележа една асистенција.
Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и на Челси за првпат во кариерата ќе игра во Серија А каде би можел да формира страшен тандем со половина деценија повозрасниот Франк Рибери.
Во Салернитана се споменуваше можноста и за доаѓање на Едер и на Никола Максимовиќ, но досега оваа работа не е реализирана, додека според последните информации Хавиер Пасторе е во игра за засилување на тимот од југот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













