Connect with us

Дибала: На Роналдо му кажав дека во минатото ми беше омразен лик, а потоа заедно се смеевме

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, во интервју зборуваше за неговиот однос со поранешниот соиграч од Јувентус, Кристијано Роналдо. Тој мина цели три сезони покрај португалската суперѕвезда во Торино.


„Се сеќавам дека еднаш летавме во авион и Кристијано седна до мене. Имавме дијалог за фудбалот и за многу други теми. И му кажав дека порано ми беше омразен лик затоа што секогаш го поддржував Меси. Се смеевме за тоа. Мислам дека имав добри односи со Роналдо“, изјави Дибала за „ДАЗН“.

Дибала игра за римскиот гигант од летото 2022 година. Тој оваа сезона одигра 33 настапи за „волчицата“, постигнувајќи 16 гола и додаде осум асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови