
Пауло Дибала направи нешто што поголемиот дел од фудбалерите не би го направиле. Одби најмалку 75 милиони евра, сума која би ја добил за три години од саудискиот клуб Ал-Кадсија, за да остане во Рома за 11 милиони евра бруто до крајот на сезоната. Но, овој износ во Италија би го добил вкупно, со платата и максималните бонуси, намалени за данок.
Од друга страна, во Саудиска Арабија му понудија 25 милиони евра годишно само како плата, без премии и бонуси.
„Сензационално. Дибала рече „не“ на понудените и договорените 75 милиони евра од Саудиска Арабија. Ова го објави на социјалните мрежи: „Благодарам Рома, се гледаме во недела“, пишува „Газета дело Спорт“ и ги открива деталите од неверојатниот пресврт.
„Дибала првично ја прифати фантастичната понуда од саудискиот клуб, по што следуваа преговорите меѓу Ал-Кадсија и Рома. Саудијците им понудија на Италијанците компензација од 3 милиони евра и бонуси. Тоа е далеку помалку од 12 милиони, колку што беше клаузулата во договорот на Дибала до крајот на минатиот месец. Но, Рома сепак одлучи да го пушти, бидејќи го доведоа пред две години без компензација, договорот му истекува следното лето, и што е најважно, Дибала сакаше да замине. Сепак, на крајот се случи неочекуван пресврт“, истакна италијанскиот медиум.
Фановите на Рома синоќа дојдоа пред куќата на Дибала да го слават и да му се заблагодарат затоа што одбра да остане и ги одби милионите од Саудиска Арабија.
Roma fans went to Dybala’s house to thank him for staying 😭😭😭
— 𝗘𝗻𝘇𝗼 💛❤️ (@pure_romanista) August 22, 2024
pic.twitter.com/bumFYyhMqd

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
