Пауло Дибала се уште нема нов клуб, но тоа би можело да се промени многу брзо. Според италијанскиот весник „Ла Република“, голема е веројатноста аргентинскиот интернационалец да потпише договор со Атлетико Мадрид.
Тој е голема желба на Диего Симеоне, кој се стреми да го привлече својот сонародник на „Ванда Метрополитано“.
Дибала стана слободен играч на крајот од минатата сезона, кога му истече договорот со Јувентус. Се очекуваше тој веднаш да потпише со Интер, но преговорите меѓу двете страни се оддолжија премногу. „Нероаѕурите“ не можат да си дозволат да му платат на Аргентинецот, ако прво не продадат барем еден фудбалер.
Пред Дибала е и опцијата за Манчестер Јунајтед, доколку „црвените ѓаволи“ се разделат со Кристијано Роналдо. За 28-годишниот офанзивец има интерес и од Наполи, Милан, па дури и новакот во Серија А, Монца.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













