Connect with us

Дибала добил совет од мајка му да го избере Интер

Пауло Дибала ги одбил Манчестер Јунајтед и Тотенхем и решил да го избере Интер за свој иден клуб, откако неговата мајка го убедила да не ја напушти Италија.


28-годишниот офанзивец минатиот месец објави дека го напушта Јувентус кога неговиот договор истече на крајот на јуни. Интерес за услугите на Аргентинецот веднаш покажаа екипи од Премиер – лигата и од Италија.

Сепак, според „Газета дело Спорт“, Дибала ќе остане во Италија откако се консултирал со својата мајка и ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ со четиригодишен договор. Се очекува „нероаѕурите“ наскоро да го објават трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови