Аргентинскиот напаѓач Анхел Ди Марија ќе се пензионира од националниот тим по Копа Америка следната година, објави 35-годишниот фудбалер откако ја претставуваше својата земја 15 години.
Ди Марија има 136 настапи за светскиот шампион Аргентина од неговото деби во 2008 година, играјќи на четири Светски првенства и постигнувајќи гол во финалето во 2022 година против Франција.
Тој ќе учествува на својата шеста Копа Америка на турнирот од 20 јуни до 14 јули во САД, каде Аргентина ќе се обиде да ја одбрани својата континентална титула.
„Копа Америка ќе биде последен пат кога ќе го носам дресот на Аргентина“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.
„Со сета болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случило во кариерата. Не можам да опишам со зборови колку навивањето на навивачите ми ја исполни душата на овој последен натпревар, уживав во секоја секунда со моите соиграчи и пријатели“, додаде тој, мислејќи на неговиот последен натпревар од квалификациите за Светското првенство во кој Аргентина го победи Бразил со 0-1 на „Маракана“.
Ди Марија оваа година му се приклучи на португалскиот шампион Бенфика, клубот за кој играше меѓу 2007 и 2010 година кога првпат пристигна во Европа.
Крилниот напаѓач има настапувано за Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Јувентус и за Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal