Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети, сака да направи промена во составот. Поранешниот тренер на Наполи размислува да му ја даде капитенската лентата на еден од своите „матуранти“. Џовани Ди Лоренцо ќе биде нов капитен на „сквадра аѕура“, наследувајќи го Леонардо Бонучи.
Легендарниот дефанзивец стана вишок во Јувентус и најверојатно ќе го загуби местото и во националниот тим. Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети, наводно е подготвен да назначи нов капитен на националниот тим, избирајќи ја ѕвездата на Наполи, Џовани Ди Лоренцо.
Ди Лоренцо ја носи лентата и во Наполи, каде минатата сезона ја крена титулата во Серија А по 33-годишна апстиненција.
Италија на 9.септември ќе гостува во Скопје на квалификациски натпревар против Македонија за ЕВРО 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













