Connect with us

Џонатан Дејвид пристигна во Торино, на потпис со Јувентус

Канадскиот голгетер Џонатан Дејвид (25) официјално пристигна во Италија, каде што ќе стави потпис на договор со Јувентус до крајот на сезоната 2029/30.

Дејвид доаѓа како слободен агент, по завршувањето на договорот со Лил, за кој минатата сезона имаше импресивен ефект – 25 погодоци и 12 асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.

Според претходните информации, напаѓачот ќе заработува 5.5 милиони евра по сезона, со дополнителни 1,5 милиони евра во форма на бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови